Срце полно добрина: 10 хумани дела на Тоше кои не треба да ги заборавиме

Денеска се навршуваат 39 години од раѓањето на македонската поп икона Тоше Проески.

Проески е роден во Прилеп на 25 јануари 1981 година.

Загина на 26 годишна возраст, на 17 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка во Хрватска, во раните утрински часови.

Тоше се наоѓаше на совозачкото место, а во моментот на сообраќајната несреќа, спиел на спуштеното седиште.

Несреќата ја предизвика неговиот другар, кој воедно му беше возач, во момент на претекнување на камион со приколка.

Според полицискиот извештај, тој не направил добра процена и со десната страна од џипот Туарег, удрил во задната лева страна на камионот, а делот кадешто спиел Тоше е смачкан и навлезен под долгото возило.

Во џипот се наоѓаше и неговата менаџерка, Лилјана Петровиќ, која исто така спиела на задното седиште, но и таа и возачот останаа неповредени.

Во својот кус, но исклучително плоден живот на музички план, Тоше Проески остави неизбришлива трага во музиката, не само во Македонија, туку на целиот балкански простор.

Ангелски глас, харизма, насмевка која плени со милост, неодолив шарм, срце полно со хуманост, позитивност, очи сјајни како ѕвезди, емотивност пренесена во песните… тешко може со зборови да се опише големината и убавината на нашиот Тоше Проески.

Тоше ПроескиБлажена е душата што дава
Тоше
Нашата непреболена музичка ѕвезда зрачеше со хуманост и човечност, но и со скромност, па речиси никогаш не зборуваше јавно за своите добри дела. Тој само ќе речеше: „Блажена е душата што дава“ и даваше без да бара ништо за возврат. Многу од хуманите дела на Тоше се дознаа по неговата смрт во октомври 2007 година, а некои, можеби никогаш нема да ги дознаеме.

Никогаш нема да ги заборавиме неговите зборови „Ве сакам сите“, зашто ние навистина ја чувствувавме неговата љубов, дури и кога бевме публика пред малите екрани.

За Тоше Проески
По повод овој ден, ве потсетуваме на 10 добри дела кои нашиот хуманитарец ги имаше направено во својот живот:

За малиот имењак Тоше Илиев од Кочани

Потребни биле само неколку зборови од таткото на Тоше Илиев, за Проески да одржи хуманитарен концерт во Кочани пред 16 години. Средствата биле наменети за 8-годишниот имењак кој страдал од тумор на мозокот и морало да биде опериран во Германија.

Пред концертот, Проески го посети домот на малиот Тоше за да го потсети дека „мора да биде сè во ред кога Тоше пее за Тоше“. И вистина беше. Операцијата била успешна, а малиот Тоше сега е момче кое ги следи стапките на својот идол. Во чест на својот ангел-чувар, Илиев секоја година организира хуманитарен концерт насловен „По патеките на Тоше“, кој се одржува на 25 јануари. Денес тој концерт ќе се одржи по 4-ти пат.

За Тоше Проески
500-те денари за Рафит Хасани

Приказната на Хасани ја обиколи Македонија во 2012 година, а беше уште еден доказ за добрината на миленикот на нацијата, Тоше. Имено, неколку години пред да го напушти овој свет, една врнежлива вечер Тоше застанал со автомобилот до Рафит, кој продавал весници на булеварот „Партизански одреди“. Тој го прашал Хасани колку заработува во една вечер, на што добил одговор: „Околу 150 денари“. Без воопшто да размислува, Тоше извадил 500 денари од џебот, му ги дал на продавачот и му рекол: „Те молам оди вечерва дома, не можам да те гледам како киснеш“.

По тој настан, Тоше редовно го посетувал Хасани за да му однесе топол чај во термос.

Целата статија ТУКА

- Реклама -