Доцна синоќа во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград почина ваљевскиот епископ Милутин, откако пред три дена епархијата соопшти дека му е потврден коронавирус, пренесуваат српските медиуми.
Милутин бил роден во 1949 година, а во манастир заминал на свои 14 години. Откако бил искушеник, во 1963 година и се замонашил. Устоличен е во 2006 година.
„Од моментот на прогласување на вонредна состојба, епископ Милутин ни за еден метар го нема напуштено седиштето на Епархијата и од почетокот ги почитуваше правилата на самоизолација, одговорно давајќи пример на сите свештеници и верници. Владиката Милутин прв од Српската православна црква донесе одлука за прекин на осветувањето на домовите пред празникот Велигден, имајќи ги во предвид информациите дека вирусот се појавил во Ваљево и во обид на тој начин да се спречи ширењето на заразата“, соопштија од Епархијата, најостро демантирајќи ги информациите во дел од српските медиуми дека коронавирусот на тоа подрачје се проширил затоа што поединечни свештеници патувале во странство и се вратиле од Италија во Ваљево.
Покрај кај владиката Милутин, коронавирус беше потврден уште кај двајца свештеници од епархијата, кои исто така се xoспитализирани во белградската болница.
Извор: Блиц.рс