Роби Вилијамс на својот Твитер профил објави дека тој и неговата сопруга ќе имаат второ дете.
„Ајда и јас сме пресреќни што можеме да објавиме дека Теодора Роуз Вилијамс ќе стане поголема сестра“, напишал пресреќниот 40-годишен Роби.
Неговата сопруга Ајда Филд целосно се променила, како што и самиот кажува на подобро, а одлично се снаоѓа во улогата на татко.
Двојката се венчаше во август 2010 година, а две години подоцна го добија своето пров дете- ќерка на која познатиот татко веќе ѝ ја посвети песната „Go Gentle“.
„Нема добри реклами ни совети за родителството. Пред да основаме семејство, се плашев од сето тоа бидејќи ми се чинеше премногу стресно, но никој не разбира колку тоа човек може да го препороди“, заклучил Роби чие мало семејство наскоро ќе се прошири.