Среќен роденден на првиот персонален компјутер

За прв персонален компјутер се смета копјутерот на IBM произведен на 12 Август 1981 год.

Тоа бил проект на група инжињери и дизајнери под раководство на Don Estridge.

Моделот 5150 го карактеризирал Интелов процесор 8088, 4,77 MHz, 16 KB меморија и монохроматски монитор од 12 инчи.

IBM PC во тоа време бил најмалиот и најевтин компјутер кој што го претставила компанијата, а станал основа за понатамошниот развој на персоналните компјутери. Споредбено со денешните  паметни телефони, би биле потребни 419.000 од IBM за да да ја достигне меморијата на  Samsung Galaxy S5 телефоните.

„ Патувањето на кое што бевме во изминативе 30 години е зачудувачко. Исклучително сме возбудени поради она што ќе ни го донесат следните 30 години“, порачуваат од компанијата.

- Реклама -