На денешен ден во 1945 година, со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) е основан Македонскиот народен театар, најстарата театарска установа во Македонија.
Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав: Димитар Ќостаров — режисер и директор на Драмата; Илија Милчин — глумец и режисер; Тодор Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков — глумци; Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо — сценографи.
Првата драмска претстава е прикажана на 3 април истата 1945 година — „Платон Кречет“ од советскиот украински драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Ќостаров.
Текстот го превел Блаже Конески.
Благодарност за текстот за Проф д-р. Весна костовска