Психолозите долго време се обидуваат да го откријат клучот за семејната среќа и изгледа конечно – успеаја.
Според американските научници, колку среќна е жената, толку задоволен е мажот, а од таму – и семејната среќа е загарантирана.
Се се сведува на тоа дека кога жената е задоволна во бракот, таа прави многу повеќе работи за својот сопруг, а тоа се одразува позитивно врз неговиот живот, смета д-р Дебра Кар. Мажите често премолчуваат дека се несреќни во бракот и жените може и да не го разберат тоа.
Научниците утврдиле и дека жените се вознемируваат од болестите на мажите, но не и обратно.
Причината е дека жените се грижат за своите сопрузи додека ако сопругата се разболи, поверојатно е ќерката да ја преземе грижата за неа, а не нејзиниот маж, пишува уште Тech Times.
Во истражувањето учествувале 400 парови, при што едниот од сопружниците бил на возраст барем 60 години, а времетраење на бракот – 39 години.