Средовечни, богати и осамени Европејки бараат млади мажи во Кенија

Неодамна го гледав филмот „Paradise: Love (2012)“ чија што главна тема се неколку средовечни и очајни жени од Австрија кои заминуваат во Кенија со цел да пронајдат црн, млад маж кој ќе ги задоволи нивните сексуални и емотивни потреби.Нормално „зделката“ е взаемна, бидејќи мажите од друга страна бараат богата тетка, која што ќе ги спаси од сиромаштијата и ќе ги одведе во „ветената земја“.

Во режија на Улрих Зајдл триологијата „Рај“, од која што погоре говорев само за првиот дел („Љубов“) се темели врз ставот на Ниче кон религијата што почива врз верата, надежта и љубовта.

Филмот освен што самиот по себе беше фантастично изреализиран, уште повеќе доби на значење со податоците за вистинитоста на овие настани и воочувањето на човековите очајни потреби по секс, пари, младост и корист.

Вистинска приказна: Популарноста на сексуалниот туризам

Истражувачите кои го проучувале феноменот на женскиот секс туризам тврдат дека овој тип на туризам е карактеристичен за средовечните, осамените и жените незадоволни од својот живот.

Интересно е тоа што кога Кенијците „ловат“ преферираат Јужно Европејки и тоа: Италијанки, Турчинки, Хрватки, а жените кои сакаат црнци својот одмор го поминуваат најчесто во Кенија, а потоа во Непал, Доминиканска Република и Куба.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Секс туризмот е познат по тоа што често знае да биде скап, а љубовниците прифаќаат и разни подароци како што се часовници, скапа облека, запалки и останати ситници.

19499

Имено, фотографката Софи Амели Клогорат патувала во Кенија и токму таа е онаа која што го открила во јавноста овој тренд. Таа наишла на мноштво Европејки кои лудувале со тамошните млади мажи. Брзо сфатила за што станува збор.

– Невозможно е да не се забележи толкав број средовечни бели жени, во друштво на млади црнци. Почнав да ги фотографирам и да ги слушам нивните приказни.

Повеќето жени се од Германија, Швајцарија и Турција. Фотографката раскажува дека има и жени кои кога ја посетуваат Кенија ги „резервираат“ своите омилени мажи, за да не ги зафати некоја друга.

Доколку ве заинтересира оваа тема гледајте го филмот. Еве една кратка најава за истиот:

Предупредување: Филмот содржи екстремно експлицитни сцени.(18+)

- Реклама -