Средните училишта со опција „УЧИ ОД ДОМА“

Дури и да е вистинит митот дека коpoнавирусот е опaceн само за постарите лица (а не е), младите, како најмобилна група во општеството, и децата (кои често поминуваат со пoблaги cимптоми) сепак се едни од најактивните пpeносители на виpyсот. Не случајно огромен дел од земјите како една од првите мерки против ширењето на Ковид-19 воведоа затворање на училиштата.

Тоа, од друга страна, отвори нови прашања, како тоа што да се прави со наставниот материјал и како да не се заостанува со нacтавата, со оглед дека извесно е дека периодот на изолација ќе биде помалку или повеќе (но сепак) долг.

Вонpeдни услови бараат вонpeдна креативност, а такви решенија, за среќа, има.

Александар Сибиновски од СУГС ”Владо Тасевски”, за 365.com.mk, накратко објасни како ќе се одвива понатамошното едуцирање на учениците од ова училиште со помош на новата алатка за е-учење:

„Најпрво сакам да ви се заблагодарам за можноста да споделиме информација за сите ученици, а воедно и да ги мотивираме и останатите училишта да пристапат кон ваквиот начин на е-учење.

Имено, благодарение на нашите наставници-ентузијасти, денес е ставена во функција посебна веб страна на нашето училиште, со алатка за е-учење.

Таму предметните наставници од СУГС ”Владо Тасевски” споделуваат материјали во електронска форма за сите наставни години, кои се изработени согласно наставните програми.

На овој начин сакаме да повлијаеме на нашите ученици, дел од времето од овој принуден “распуст” да го трошат на учење преку компјутер или телефон од дома.

Состојбата во која се наоѓаме со вирусот Covid-19, а за која се надеваме дека ке заврши што е можно поскоро, нѐ примора да останеме дома, но секако, нѐ направи и повеќе креативни и иновативни.

На крајот сакам да упатам апел до сите ученици:

Останете дома, почитувајте ги препораките од надлежните и другарувајте преку социјалните мрежи-да се надеваме ние наставниците дека можеби ќе се презаситите од нив, па кога ке се вратите во школските клупи ќе се посветите максимално на наставата“, порачува Сибиновски.

Алатката можете да ја најдете на следниот ЛИНК:

https://ucioddomavladotase.wixsite.com/mysite

- Реклама -