Среде бел ден пред зграда во Гостивар-Се расправале, и‘ се заканил па и‘ украл телефон

СВР Тетово соопшти дека вчера (15 мај) во 18 часот во ОВР Гостивар, 34 – годишна жена гостиварка пријавила дека околу 15 часот пред влезот на зградата во која живее, по претходна расправија, С.„Н“ ѝ се заканил со остар предмет, по што ѝ одзел мобилен телефон.

Од полицијата наведуваат дека се преземат мерки за расчистување на случајот.
Сподели ја веста:

Извор