Средба по 28 години: Брена доживеа изненадување на летување

 

Овогодинешното летување со сопругот Боб Живојновиќ, пејачката Лепа Брена ќе го памети по изненадувањето кое и го подготви младиот Давор Оштиќ, кому како момче му поклони автомобил.

На нејзината среќа и немало крај кога овој, веќе возрасен човек, и пришол да се фотографираат и и се заблагодарил за среќата која што му ја донела кога бил во прво одделение, во основно.

Се се случило додека Брена и Боб шетале после еден вообичаено поминат ден на плажа, кога љубезно им пристапил Давор.

Иако во далечната 1987 бил мал, тој бил  воодушевен што тогаш најпопуларната пејачка на Балканот му ги врачила клучевите од наградната игра на еден дневен весник во Дубровник. Давор вели дека никогаш нема да ја заборави таа случка.

- Реклама -