Средба на Ахмети со претседателката на албанското Собрание, изразил загриженост за меѓуетничките односи

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со претседателката на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Елиса Спиропали.

„Со г-ѓа Спиропали разговаравме за прашањата поврзани со членството на нашите две земји во Европската Унија, пат што го поминавме заедно и имаме многу предизвици пред нас.

На г-ѓа Спиропали и ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање.

Исто така, разговаравме и за потребата од проверка со меѓународен надзор, споделувајќи конкретни искуства со Албанија во оваа многу важна сфера. Албанија и Северна Македонија, како две сојузнички земји, мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграција во Европската унија“, изјави Ахмети по средбата со Елиса Спиропали.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

 

- Реклама -