Средба Мицкоски – Агелер: Разговаравме за тековните политички и економски прашања и напредокот кон ЕУ

„Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области“, се вели во кусата објава на Мицкоски на Фејсбук за средбата  

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на која присуствувала и заменик-амбасадорката на САД, Никола Варнс.

Од средбата на премиерот Мицкоски со американската амбасадорка во земјава, Агелер и новата заменик-амбасадорка Никола Варнс / Фото: Фејсбук-профил на Христијан Мицкоски

За средбата, без повеќе детали, преку објава на неговиот официјален фејсбук-профил, информираше Мицкоски. Во неа, тој пишува дека со Агелер и заменик-амбасадорката разговрале за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон Европската Унија (ЕУ).  

„Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области“,

се вели во кусата објава на Мицкоски за средбата.  

- Реклама -