Триесет и деветгодишен маж од Србија го ранил со огнено оружје својот син во популарното грчко летувалиште Ханиоти на Халкидики, пренесоа грчките медиуми.
„Грцијаинфо“ пренесува дека пукањето се случило во петокот во Ханиоти, кога Србинот се сретнал со неговата поранешна партнерка и нивниот заеднички син.
Откако кратко се расправале, Србинот со оружје го удрил својот 21-годишен син во главата, а потоа го застрелал и го ранил во десниот дел на бутот. Поради повредите момчето е пренесено во болницата во Полигирос.
Осомничениот бил уапсен утринава, а кај него била пронајдена мала количина кокаин.