Граѓаните на БиХ и на Србија синоќа беа изненадени од снег. Во Белград прво започнал да паѓа дожд во раните вечерни часови, за потоа околу 22 часот снегулки започнале да паѓаат низ одредени делови од српскиот главен град.
Набргу потоа Белград бил завеан од силен снег. Според податоците, температурата од 19 степени колку што покажувала во 14 часот, во вечерните часови паднала на два степени.
Во БиХ заради снегот кој од вчера вечер паѓа во поголем дел од земјата, сообраќајот на повеќе улици се одвива тешко и со застој, а на возачите им се советува внимателност.
Снегот се очекува да се задржи и во текот на денот во поголемиот дел од Босна, додека на југ ќе има дожд.