Срамна ситуација на Хали Бери на црвениот тепих

Иако неодамна се разведе од својот сопруг Оливер Мартинез, Хали Бери вчеравечер заблеска на црвениот тепих. Таа со својата насмевка им покажа на сите дека и покрај сите проблеми таа е храбра жена.

Хали Бери прв пат после разводот присуствуваше на еден јавен настан. Облечена во фустан до колена, ја покажа својата витка фигура на свеченоста која ја организираше козметичката куќа Revlon, чие Хали е заштитно лице.

Halle-Berry-1

Но актерката доживеа и мал срам во текот на вечерта. Имено, поради памучниот фустан под пазувите се појавија дамки од пот.

Изгледа Хали не очекувала дека ќе дојде до ваков момент, но како професионалец таа продолжи гордо да позира пред фотоапаратите.

halle-berry-revlon

BP_30023766h-735x400

 

- Реклама -