Американскиот спринтер Џефри Демпс на Олимписките Игри во Лондон освои сребрен медал во штафетната трка 4х100 метри.
Сега тој ќе му се посвети на друг спорт и ќе настапува во NFL лигата. Демпс потпиша договор со тимот на Њу Ингланд Патриотс и по вторпат ќе настапува во NFL откако во 2009 играше во Флорида.
„Вистина е. Јас сум нов ’патриот’. Ќе биде забавно, се надевам на нова успешна епизода“, напиша Џефри Демпс на својот прифил на Твитер.
Џефри Демпс не можеше да учествува на овогодишниот драфт за NFL лигата поради тоа што се подготвуваше со атлетската репрезентација на САД за Олимписките Игри во Лондон.