Боки 13 го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, според српски „Курир“, многу блиска другарка – Јелена Карлеуша.
Според „Курир“, кој се повикува на свој неименуван „извор“, Боки во повеќе наврати позајмувал поголеми суми пари од Карлеуша, а кога кариерата му тргнала низбрдо и западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.
Според српски „Курир“, Боки бил близок и со мајката на Јелена – Дивна Карлеуша. Како аргумент за ова тврдење, весникот го наведува Фејсбук статусот на Боки 13 во кој за последен пат се збогува со покojната мајка на Карлеуша:
„Додека носев женска маица и здолниште, ти гордо одеше со мене во Белград, ме развесели и ми пружи поддршка додека сите други се смееја. Ми беше како втора мајка, беше со мене кога ми беше тешко, кога најмногу ми требаше! Прва ме одведе во нашиот омилен ресторан во Белград, никогаш не ми дозволи да платам сметка за ручек или вечера, беше најопасната жена која некогаш сум ја сретнал. За мене секогаш ќе бидеш единствена и незаборавна Дивна (најдивна) Карлеуша. Дивна и Јелена не беа само мајка и ќерка, беа борци во борбата на животот. Пoчивaj во миp“, напишал Боки 13 на почетокот на март, кога пoчинaлa мајката на Јелена, тврди весникот.