Според Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора (НУК), проверката на сертификатот за вакцини би претставувала повреда на заштитата на лични податоци. Според Агенцијата за заштита на лични податоци, пак, во ред е да се проверува сертификатот за вакцинација. Но угостителите тоа го правеа и досега, со проверката на личните карти.
Во сите угостителски објекти, вработено лице проверува лична карта за да утврди дали одреден гостин е малолетен или не. Слична е праксата и во ноќните клубови, каде што лична карта се проверува на самиот влез во објектот со цел да се утврди староста на лицата. Таму е забранет влезот за малолетни лица, а одредени ноќни клубови таа граница ја имаат подигнато и повисоко.
Според Јосифовски, тоа не претставува проблем и повреда на личните податоци, но проверката на сертификатите за вакцина е проблем. Како што соопшти Агенцијата за заштита на личните податоци, меѓутоа, доколку се врши само визуелна проверка на сертификатите за вакцинација при влез во угостителски објект, семинар, веселба, културен или спортски настан – тогаш нема повреда на Законот за заштита на личните податоци и следствено не претставува злоупотреба на личните податоци. Со Јосифовски разговараше „Канал 5“. Разговорот погледнете го ТУКА.