Новите истраувања од Emory University School of Medicine во Атланта, покажаа дека е можно некои информации да бидат биолошки наследени преку хемиски промени кои се случуваат во ДНК-та.
За време на тестовите тие увиделе дека глушец може да пренесе научени информации за трауматски или стресни искуства- во овој случај страв од мирисот на цреша- на следните генерации.
Според американските медиуми, д-р Брајан Диаз, од одделот за психијатрија на Унивезитетот Емори, рекол: „Од перспектива на превод, нашите резултати ни овозможуваат да цениме како искуството на родителите, пред дури да се зачне потомството, значително влијаат врз структурата и функцијата во нервниот систем на следните генерации.
„Таков феномен може да придонесе за етиологијата и потенцијалниот интергенерациски пренос на ризикот на невропсихолошките заболувања како што се фобии, анксиозност и пост-трауматски стрес.
„Ова укажува дека искуствата се некако пренесени од мозокот во геномот, овозможувајќи им да се пренесат на идните генерации. Истражувачите сега се надеваат дека ќе спроведат понатамошна работа за да разберат како тие информации се складираат во ДНК-та на прво место.
Професорот Маркус Пембреј, детски генетичар на University College London, изјавил дека работата предвидува „убедливи докази“ за биолошкиот пренос на меморијата. Тој додаде: „Се однесува на вродени стравови кои се многу важни за фобиите, анксиозноста и пост-трауматски стрес пореметувања, плус контроверзниот предмет на преносливоста на „меморијата“ од наследеното искуство на идите генерации.
„Крајно време е истражувачите на јавното здравство да ги земат човечките информации за преносливи-гени сериозно. Се сомневам дека ќе го разбереме порастот на невропсихијатриските болести или дебелината, дијабетисот и метабиличните пореметувања генерално, без да се земе мултигенерациски пристап.
Тој рече: „Нашите наоди обезбедуваат рамка за решавање како информациите од средината може да биде наследена низ генерациите во однесувањето, невроанатомско и епигенетско ниво.“
Дали може нашата ДНК да носи духовни и мистични спомени кои можат да се пренесуваат на идните генерации од искуството на нашите претци?