Љубовта е она чувство кое може да те натера да направиш се додека човекот до тебе е среќен. Импулсивна, прекрасна и безусловна … тоа е вистинската љубов која прави чуда. Еве некои од најпознатите неверојатни гестови, направени од љубов, со љубов.
– “Еднаш испратив домашно направени колачи до другиот крај на светот на девојка која едноставно ми кажа дека е тажна. Си имавме пишано само неколку пати. ”
– „Украдов скап автомобил за прв состанок со една девојка. Логично, не беше најпаметното нешто што сум го направил од љубов, но секако беше најлудото! ”
– „Уморен од нашата врска од далечина, се преселив кај него во Англија и сега учиме заедно на универзитетот. Не очекува свадба на пролет. ”
– „Поради една девојка се качив на третиот кат на нејзиниот балкон, за да ја видам“.
– „Направив тетоважа“.
– „Возев долго во ноќта само за да ја видам на 5 минутки. ”
– „Возев неколку часа во текот на ноќта до неговото работно место и ги замолив чуварите да ме пуштат во неговата канцеларија. Потоа ја наполнив неговата соба со балони и ставив мали подароци на неговото биро, за да се изненади следното утро, кога ќе пристигне на работа. ”
– „Се омажив за мојот најдобар пријател, за да добијам зелена карта и да можам да дојдам кај дечко ми. Смешното во случајот е дека пред да заминам тој сам дојде кај мене и мојот брак беше залуден. ”
– „Најлудото нешто што сум го направила е тоа што заминав на викенд кај дечко ми … и останав таму 9 години. “