Сплав во Смедерево полн со гости во текот на ноќта потонал до половина

Сплав на кејот на Дунав во Смедерево делумно потона во текот на ноќта и нема повредени, јавија српските медиуми.

На видеото од социјалните мрежи се гледа дека во моментот кога водата влегла во сплавот имало гости, но тие успеале да се евакуираат. Противпожарната единица набрзо излегла на терен.

Засега не е позната причината за потонувањето на сплавот „Боем“.

- Реклама -