Spirited Away: Зошто родителите на Чихиро се претвораат во свињи, според Ghibli

spirited-away-chihiro-parents-become-pigs-meaning-studio-ghibli-hayao-miyazaki-3[1]

Spirited Away излезе во 2001 и останува популарен и денес исто како и пред 15 години. Тоа е најпознатиот анимиран филм на јапонското анимационо студио Ghibli, но и најуспешниот филм во јапонската историја (има и Оскар), со заработка од речиси 300 милиони долари на светско ниво.

Колку што има фанови, толку има и дебати за значењето на некои од двосмислените моменти во филмот. За да стави крај на дебатата, една млада јапонка – фан на Хајао Мијазаки и неговото ремек-дело, неодамна им пиша на Ghibli за да побара објаснување за скриената порака на приказната. На нејзино изненадување, доби одговор, и тоа цели две страни текст.

spirited-away-chihiro-parents-become-pigs-meaning-studio-ghibli-hayao-miyazaki-6

Твитерџиката @0910noncha сакала да знае зошто родителите на Чихиро се претвораат во свињи, што имало во нивната храна, и како Чихиро успеа да го помине финалниот тест. Во одговорот (напишан од вработен во Ghibli), се вели дека родителите се претвораат во свињи бидејќи таа трансформација ја претставува алчноста за време на јапонската рецесија во 80-тите.

spirited-away-chihiro-parents-become-pigs-meaning-studio-ghibli-hayao-miyazaki-2[1]На крајот, во писмото се објаснува дека приказната не е за девојче со „уникатно срце“ – туку за девојче што ќе научи да се соочи со сопствените стравови и ќе се воздигне во разбирањето и ценењето на животот.

- Реклама -