По успехот на The Avengers почнува да се зборува за можно продолжение: The Avengers 2. Има многу гласини за кој би можел да биде во продолжението: Дали Ant-Man или Black Panther ќе му се придружат на тимот, кој ќе го подржи Танос? Но една работа која е јасна е дека Spider-Man нема да му се приклучи на тимот.
Но сега се чини дека Spider-Man, поточно неговата The Amazing Spider-Man форма и Ендру Гарфилд, ќе можат станат дел од тимот. Единствената пречка за присуство на Spider-Man во Avengers филм е што различни компании ги поседуваат правата за ликовите: Сони и Дизни, но очигледно тоа не е толку голем проблем. За Crave Online, Ави Арад, продуцент на двата филмови, изјавил:
„Ако се случи нешто вакво, тоа би било одлично за Дизни и за Сони. Ако има добра приказна, во моментов работиме на Venom филм. Тоа е нашиот прв приоритет. Значи размислуваме во соодветна насока. Avengers за мене беше неочекуван успех па никогаш не го погледнав бидејќи беше успешен.“
Арад бил јасен дека Venom е приоритет, не не постои причина зошто двата филма не би можеле да бидат споени во продолжение: всушност тоа е во најдобар интерес на сите. Оваа најава, заедно со онаа на Ендру Гарфилд минатиот месец, испраќа јасни сигнали. Единственото нешто што би го направило вториот филм подобар е ако Ник Фјури отиде до Јапонија во The Wolverine и го покани Хју Џекман да стане дел од тимот. [Producers say the amazing Spider-Man can join the Avengers!]