Спектакуларно видео од лансирањето на „Сојуз“, снимено од камерите на ракетата (ВИДЕО)

Генералниот директор на руската агенција Роскосмос објави извонредна снимка од камерите поставени на ракетата Soyuz MS-11, со која тројца астронаути беа испратени на Меѓународната вселенска станица (ISS).

На снимката е прикажано испалувањето на бустерите, полетувањето, но и самиот лет од космодромот Бајконур. На „Сојуз“ ѝ беа потребни помалку од минута за да се пробие над облаците. Прикажан е и делот кога ракетата стигнува до горните слоеви на атмосферата, кога бочните бустери се одвојуваат и паѓаат назад на земјата.

Лансирањето се случи на 3 декември, а на ISS беа испратени рускиот космонаут Олег Кононенко, канадскиот астронаут Давид Сент-Жак и астронаутката на НАСА – Ан МекКлејн. Кононенко и Сент-Жак беа резервни членови на посадата во неуспешното лансирање на MS-10 планирано за 10 октомври. Тогаш членовите на посадата Алексеј Овчинин и Ник Хаг избегнаа смрт благодарејќи на рускиот безбедносен систем SAS, кој ја повлече нивната капсула подалеку од ракетата Soyuz-FG. Причина за инцидентот беше лошо составен бустер кој го оштети леталото при одвојувањето на второто ниво.

- Реклама -