Спасувачко решение за чување на велосипедот во мал простор

Речиси секој сопственик на велосипед потајно сака да го изложи своето милениче. Postfossil го смисли проектот „Чевли, книги, велосипед“, односно паметна полица која служи за чување на разни предмети.

2013-10-10 12_31_24-Products

Полицата има 4 делови кои може да ги пополните со било што, само под услов крајниот резултат да не е визуелно неприфатлив. Велосипедот мудро е поставен на дрвена даска и голема кука.

2013-10-10 12_31_46-Products

Најдобра работа е што полицата овозможува паркирање на велосипедот во мал затворен и тесен простор.

2013-10-10 12_31_54-Products

Поради дрвениот оквир и минималистичкиот изглед, оваа полица може да се вклопи во секој простор, а особено во ходниците или студентските соби.

2013-10-10 12_31_33-Products 2013-10-10 12_32_03-Products

- Реклама -