„Спасувачко чудо“ во Франција: Дете пронајдено живо по 40 минути под лавина

Властите во француските Алпи соопштија дека момчето кое било затрупано од лавина додека во средата скијало вон стазата во ски центарот Ла Плањ (La Plagne) заедно во група со уште седум скијачи – е пронајдено живо и без повреди.

Како што соопшти француската полиција од градот Bur Sen Moris, 12-годишното момче поминало 40 минути затрупано од голема количина снег како последица на лавината.

Спасувачките екипи до местото на несреќата одлетале со хеликоптер, а детето било најдено од пес трагач.

Спасувачите од екипата што го пронашла ја опишуваат операцијата како „чудесна“, истакнувајќи го фактот дека шансите за преживување по 15 под толкава количина снег се исклучително мали.

Момчето, и покрај тоа што скијало вон стазата, на скијачкото одело немало лавински детектор (електронски уред кој служи за брзо лоцирање на туристи/скијачи затрупани од лавина).

- Реклама -