Спасете ја љубовната врска за 20 секунди

Врската ви е во криза и не сте сигурни дали вашиот човек сака и понатаму да биде со вас, а добриот секс не е доволен?
Верувале или не, еден од најпочитуваните брачни советници сфати дека рецептот за успешна врска е исклучително едноставен и трае само 20 секунди.

Во експериментот се покажало дека мажите, врз кои што е применет рецептот, се дистанцираат од привлечна девојка која им се приближува, па не се ни обидуваат да флертуваат.

Единствената состојка на рецептот е – прегратка.

Колку и да звучи чудно прегратката која трае 20 секунди, два пати во денот е доволна да ја зацврсти врската носејќи ја во сосема нова димензија.

Имено, прегратката ќе го наполни мажот со окситоцин, хормон за галење кој истовремено создава чувство на доверба и верност, така што се чувствува сосема задоволено, без било каква желба за неверство.

Галењето е обострано пријатно искуство кое создава голема блискост меѓу луѓето кои го практикуваат, така што се што треба да направите кога не сте сигурни дека е се во ред, е да го прегрнете саканиот.

На паровите им се препорачува да се прегрнат пред и по заминувањето на работа, што и кај двајцата ќе го зголеми нивото на окситоцин и ќе ги направи мирни и хармонични во текот на денот.

 

- Реклама -