Изгладнето куче по име Алекс, било пронајдено како лута низ улиците на Њу Орлеанс. За сета среќа, добрите луѓе од Центарот за спасување животни се погрижиле за него.
Ветеринарите го прегледале Алекс и откриле дека стомакот му е полн само со камења и гранки. Нговата здравствена состојба била критична, па морал веднаш да замине на операција.
За среќа, операцијата поминала добро, а Алекс полека но сигурно се опоравува. Всушност, само неколку дена после операцијата Центарот за спасување животни на својот Фејсбук профил објави отографии од неговото закрепнување. Тие се надеваат дека наскоро некој хуман жител на Њу Орлеанс ќе му го понуди својот дом како прибежиште на Алекс.