Шпанците започнаа да бараат оправдувања

Фудбалерот на Барселона, Францеск Фабрегас го спаси светскиот и европски шампион од пораз на својот прв натпревар на шампионатот на Европа против Италија, но дел од вината што е пропуштена победа бара и во наводно лошиот терен за игра.

„Мора да кажам дека теренот беше ужасен. Жалосно е на какви терени се игра едно Европско првенство. Одговорните треба добро да размислат за тоа“ вели Фабрегаз, дополнувајќи дека во секој случај за него бодот со „Аѕурите“ не е неуспех.

„Требаше да победиме затоа што имавме неколку одлични шанси за гол. Сепак не сметам дека бодот е неуспех. Ни преостанува да победиме на следните два натпревари и да се пласираме во четвртфиналето“ додаде Фабрегаз.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -