Погледнете како да создадете електрична енергија од две струи млаз вода.
Постојат различни иновативни методи за генерирање на електрична енергија. Овој сепак би требало да е најкул од сите, пишува Science Alert.
Со помош единствено на две водни струи што течат во метална мрежа и две калеми, Дерек од Veritasium покажува како можеме да создадеме искри од 5000 до 1000 волти!
Доколку сакате, можете да го повторите експериментот наречен Бурата на Келвин, и дома. Во новата епизода Дерек раскажува повеќе за физиката зад овој обид ( првично тој го демонстрира со помош на тимот на „Игрите на гладот” ).
И така, што всушност се случува за време на „бурата на Келвин“ и ако е можно да произведуваме електрична енергија од вода, зошто не го правиме секој пат кога врне?
Дерек го објаснува процесот со тоа што вклучува прилично едноставна, но извонредена физика. Општо земено водата е со неутрален полнеж – сите плус или минус молекули се исклучени. Додека течат две струи сепак, се создава природна варијација и понекогаш едната страна ќе стане негативно наполнета од другата. Што прави Дерек? Тој ги поврзува левата мрежа кон најгорниот круг на десната серпентина. Тоа значи дека ако мрежата стане со негативен полнеж поради водата што тече низ неа, тоа ќе го натера и прстенот да стане со истиот набој. Предметниот негативно наполнет прстен привлекува позитивни снимени водни молекули и на крајот го прави целиот проток со позитивен полнеж. Сето ова доведува до два протоци со различен полнеж. Едниот е позитивен, додека другиот – негативен. Со текот на времето енергијата станува толку силна што почнува да прескокнува од негативната на позитивната страна на металот, предизвикувајќи искри струја. Иако е особено импресивен и едноставен систем, таа не може да генерира доволно електрична енергија, што ќе ги напојува нашите домови.
Погледнете го видеото за да го видите сето тоа во акција: