Али Џавеј и тимот од неговата лабораторија успешно создадоа е-кожа, спој кој е тенок и сензитивен на притисок, флексибилен и луминисцентен. Неговото откритие може да биде пронајдено во магазинот Nature Materials.
“Се нарекува кожа, но материјалот е нешто повеќе од протетски екстремитет” – изјави Џавеј кој е професор по компјутерска наука и електрично инжинерство при Универзитетот во Калифорнија- Беркли.
Тој ја гледа човечката кожа како тенка и развлечена субстанца која се потпира на сите типови на информации како допир и температура. Секое електрично коло и секој спој кој се наоѓа во оваа е-кожа е создадено од 3 дела – сензор за притисок, транзистор и органски LED.
Во моментов, неверојатната е-кожа се прави во чиста соба слична на онаа во која се произведуваат и чиповите на компјутерите. Наскоро се очекува и нејзина примена во роботиката.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk