Создадена вештачка крв

крвИстражувачи од Универзитетот од Единбург имале успех во создавањето на вештачки црвени крвни зрнца кои можат да пренесуваат кислород за кои веруваат дека ќе бидат подготвени за медицински тестови врз луѓе за околу две години.

Клетките не се синтетички туку се создадени со помош на човечки матични клетки, но истите можат да бидат произведувани и истражувачите во моментов работат на создавање метод за безбедно масовно производство. Ако имаат успех нивниот наод би ја елиминирал потребата за сегашните масовни количини на енергија и електрицитет потребна за собирање, транспорт и складирање на крв за трансфузии.
 
Милиони луѓе во целиот свет немаат пристап до крв за трансфузии, па дури и во најразвиените земји при природни катастрофи доаѓа до недостиг на крв. Овој изум би помогнал во отстранувањето на овие проблеми и би овозможил дистрибуција на крв каде и кога истата ќе биде потребна. Исто така би помогнал и во намалувањето на шансите за пренесување на патогени и болести за време на трансфузии – работи како ХИВ, СИДА, Хепатитис и Кравјо Лудило во минатото биле пренесувани преку трансфузии.

Крв создадена во човечко тело е сè уште подобра алтернатива, но во случаи каде што природна крв не е достапна за трансфузии вештачката крв од матични клетки би можела да спаси милиони животи во светот. „Ова е делумно за крвта да биде достапна секаде – очигледно има ситуации во кои одредени земји немаат складирано крв или истата е потребна во изолирана локација, на пример во Авганистан или во американските пустини. И каде што не е потребно одредување на крвна група“ изјавил професор Крис Купер од Универзитетот од Есекс. Во моментов истражувачите од Универзитетот од Единбург ги усовршуваат нивните крвни зрнца и веруваат дека би биле достапни за околу десет години. [Researchers successfully create artificial blood]

- Реклама -