Во еден од серијата експерименти за пресоздавање на почетните моменти на универзумот, научниците, со помош на суперколајдер, ја создадоа највисоката температура некогаш измерена – 4 трилиони степени Целзиусови.
Во еден од серијата експерименти за пресоздавање на почетните моменти на универзумот, научниците, со помош на суперколајдер, ја создадоа највисоката температура некогаш измерена – 4 трилиони степени Целзиусови.
Во Националната лабораторија Брукхејвн во Њујорк, сопственост на американското министерство за енергетика, научниците, со помош на тамошниот суперколајдер, создадоа температура од импресивни 4 трилиони степени Целзиусови, во обид да ги рекреираат почетните милисекунди на универзумот.
Оваа температура е доволно висока за да ги стопи протоните и неутроните, т.е. да ја претвори сета материја во недефинирана каша, исто како што тоа се случило неколку моменти по раѓањето на универзумот.
Целта на експериментот била да се најдат нерегуларности во кварковите и глуоните (составните делови на протоните и неутроните), нешто што би објаснило зошто од таа првична каша експлодирала сета материја што денес го создава универзумот.
Експлозијата била направена на тој начин што јони од злато биле туркани еден кон друг со неверојатна сила, за да се постигне моментот на незамисливите 4 трилиони степени. Иако самата експлозија траела околу 1 милисекунда, собрани се доволно податоци кои физичарите ќе ги проучуваат уште долги години.
Колку за споредба: протоните и неутроните се топат на (според предвидувањата) 2 трилиони степени; јадрото на една просечна супернова од типот 2 има температура од 2 милијарди степени; јадрото на нашето Сонце е околу 50 милиони степени; железото се топи на 1800 степени; а денешната просечна температура на универзумот е само 0,7 степени над апсолутната нула (-273,15).
[Hottest temperature ever heads science to Big Bang]