Веќе имаме неутрален звук, а сега имаме и еквивалентен мирис. Научници од израел веруваат дека создале „неутрлен мирис“, мешавина нa десетици соединенија кој мириси комплетно неутрално.
Тие го создале овој мирис користејќи голем број неповрзани молекули кои поседуваат екстремно различен мирис и нивното комбинирање во ист интензитет. Иако силните мириси поседуваат десетици индивидуални мириси, тие најчесто се поврзани или пак имаат еден доминантен мирис.
Кај неутралниот мирис сè е вратено на исто ниво со што се создава баланс, слично како кај неутралниот звук. Она што е интересно е што не е важно од каде потекнуваат мирисните состојки. Мешавина од 30 различни мириси ќе создаде мирис идентичен на мешавина од 30 други мириси.
Учесниците во студија чија задача била да го идентификуваат неутралниот мирис – именуван Laurax во студијата – поуспешно го идентификувале со поголемиот број на присутни мириси. Колку и да звучи чудно оваа студија, таа овозможува создавање на интересни теории. Засега научниците работат на поефикасен начин за создавање на мирис за кој нема да бидат потребни 30 мириси.
За што би бил употребен ваков мирис? Дали со него би можеле да бидат прикриени други мириси? Секој што создал силен мирис при подготввуање на храна со задоволство би употребил мирис кој ќе го прикрие без комбинацијата да создаде уште посилен мирис. Исто така ова би можело да овозможи создавање на вистински дезодоранс.
Исто така неутралниот звук има позитивен ефект врз некои проблеми со сетилото за слух преку воведување на „неутрална позиција“ во центарот за слух во мозокот, можеби овој мирис би можел да има сличен ефект врз сетилото за мирис.