Главна дејност на “Се за роденден“ е продажба на креативни роденденски ваучери преку Интернет со нивна достава пред врата како изненадување. Доколку сакате да бидете креативни, да заштедите време и да изненадите некого сега ви требаат само неколку минути да го направите тоа.
“Се за роденден“ е прв и единствен македонски портал кој што на едно место ги нуди сите потребни информации и услуги врзани за најубавиот ден во годината-роденденот. Формиран е од Друштвото за трговија и услуги КРЕАТИВА ПЛУС ДООЕЛ од Скопје, основано на 10 јули 2012 година и ги следи американските трендови.
Ивана Колева, основачот на Се заРОДЕНДЕН.мк е амбициозна млада девојка која верувајќи во себе успеа да креира бренд кој веќе подолго време ги разубавува највеселите мигови на луѓето, а роденденските забави ги поддигна на сосема ново ниво во Македонија. Потребата за креативна организација на родендени на пазарот отвори можност да станат доста препознатливи и во тој домен.
„Креативноста нема граници ако сонувате со отворени очи. Она што на почетокот може да изгледа како луда идеја може да се рализира доколку се посветите целосно на реализацијата“, изјавила Колева во едно интервју.
„СеЗаРоденден.Мк“ е местото каде освен вообичаени подароци, луѓето ќе можат да пронајдат и малку поуникатни роденденски подароци како лет со параглајдер, масажи со шампањско и чоколадо, дегустација на вински сорти, јавање коњи, вредносни ваучери за богат креативен шопинг, избор на книга, курсеви за бармени и бартендери, аеробик, фитнес… навистина листата е голема. Тука можете да пронајдете производи од „Ла Коста“, „Би- воч“, „Калцедониа“, „Интимисими“, „Или“, „Бистро Пиколо“, кафе- книжарница „Три“… Се што треба е да поседувате платежна картичка и да го направите купувањето преку Интернет.
Целта на компанијата е да стави поголем акцент на креативноста во славењето родендени и друг вид на забави, истовремено правејќи го подарувањето поедноставно и поефикасно за потрошувачите.
Тие се и дел од детскиот ЗОО Фест, одржуван секоја недела во Зоолошката градина во Скопје, чија цел е забава, рекреација, музика, натпреварување и едукација на дечињата (кој започна во мај и ќе трае до крајот на месец јуни, а вториот дел од проектот ќе се реализира кон крајот на август и ќе портае до средината на септември).
Но, не застануваат тука. Наскоро планираат да го прошират бизнисот надвор од Македонија со бизнис инвеститор од Македонија. Исто така ќе го развиваат брендот “Се за подарок“.