Чист, светол, краток, удобен и во вообичаен стил – ова несомнено важи за летните плажа фустани кои им помагаат на жените да изгледаат убаво и елегантно дури и на плажа.
Најсоодветни материјали за оваа пригода би биле : лен, памук, свила и сатен. Освен класичните бои бела и црна се наметнуваат црвената, и посветло црвена, т.н. неонски бои и фустани со боја принт.
Туниката можете да ја носите слободна или пристегната со појас. Таа секако стои добро на секој тип фигура. Шарените везови и секвенци се исто така важен елемент.
За романтичните дами соодветни детали би биле возбудлива чипка, интересна плетка, а зошто да не и панделка.
Убави и весели се моделите на цвеќиња и особено периодов најпосакувани се розите . Весели бои, возбудливо, предизвикувачко -тоа е рецептот за оваа сезона!