За да имате совршен тен и за да ги спречите знаците на стареење на вашето лице, не мора да трошите многу пари на естетска хирургија. Доволно е само редовно да ги практикувате овие природни рецепти.
Освежување со мед и авокадо
За да го забавите процесот на стареење на кожата, мора редовно и квалитетно да ја освежувате кожата. Комбинацијата од мед и авокадо помага кожата да биде хидратизирана и свежа, а брчките да бидат пополнети.
Салата против брчки
Оваа салата може да ја направите од боровници, јагоди, калинки, киви, сок од портокал и ситно сецкани ореви. Таа ќе го забрза вашиот метаболизам, пребогата е со антиоксиданси, ја подобрува циркулацијата и ја штити кожата од оштетувања. Оваа салата нека биде на вашето мени барем еднаш неделно.
Третман против акни
Кога имате некои неправилности на кожата што сакате да ги прикриете, пробајте го овој совет, затоа што сигурно ги имате сите состојки во секое време во кујната. Имено, помешајте свеж квасец и сок од лимон. Направете хомогена паста, намачкајте ја на проблематичните делови, оставете ја да делува десетина минути и потоа исплакнете ја. Квасецот ги убива сите бактерии, а лимонот помага местото на кое била акната брзо да се залечи.