Флертувајте на совршен начин

Гледањето во очи, смешкањето и повременото грицкање на усните се само дел од очигледните техники на флертување. Сепак, постојат неколку помалку познати методи, на кои речиси никој не може да одолее.

Допир

Допирот може да го натера потенцијалниот партнер да размислува за тоа каде може да завршат вашите раце. Неформално допрете го по рамената или колената во текот на разговорот.

Пристојна дистанца

Иако блискоста најчесто ги асоцира луѓето на флерт, токму пристојната оддалеченост од партнерот создава најголема доза сексапил.

Облека за пример

Најважно е да носите соодветна облека за да го постигнете саканиот ефект. Најголемиот женски адут е деколтето. Но повремено носете и детали како интересен брош или шапка, (мажите може да одберат необичен колан или вратоврска), со кои ќе го натерате партнерот да ви пријде, а сепак ќе му оставите впечаток на лежерна личност.

Слушајте

Секогаш внимателно слушајте ја личноста со која флертувате. Не се обидувајте постојано да бидете забавни и хумористични. Спонтаноста е секси!

- Реклама -