Како што јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на првиот човек на Здружението на падобранци на Русија генерал-полковника Валериј Востротин, во Авганистан е најден советски пилот кој цели 30 години се води како исчезнато лице.
Пилотот бил соборен во ’80-тите години на минатиот век од муџахедините, а не се знае неговиот идентитет, ниту што правел сиве овие години во Авганистан.
Како што истакнува Востротин, на пилотот сега му е потребна помош од дипломатски претставници и организации на цивилното општество како и финансиска помош.
Според јавно достапните извори, руските медиуми наведуваат дека во периодот од 1979 до 1989 во Авганистан се соборени 125 советски авиони.
Претходно годинава, во април, беше соопштено дека во Авганстан е пронајден Украинец кој исто така исчезнал во воена операција на Советскиот Сојуз. Тоа се случило 1988 година во покраината Кандахар. Тој бил заробен кога врз неговата воена колона бил отворен оган, а екстремистите го оставиле жив. Подоцна го примил исламот, си го сменил името и го заборавил украинскиот јазик. Кога бил пронајден, на новинарите кои го пронашле, преку преведувач им објаснил дека е роден во Волинската област, Украина.
Извор: Руска Реч