Советската снајперистка што ги испердаши нацистите

ljudmilaЉудмила Павличенко имаше само 24 години кога Германија го нападна СССР во јуни 1941-та. Како и повеќето советски граѓани, таа не беше среќна што германски чизми ѝ газеа по татковината. Киевската студентка по историја реши да го исполни својот дел од должноста кон татковината, но не сакаше да биде медицинска сестра, како што обично тоа се случуваше со жените. Наместо тоа, Павличенко стана најголемиот кошмар на Германците и најопасниот женски снајпер во историјата.

Родена во Киев во 1916 година, таа беше родена со истакнат натпреварувачки дух и вишок храброст и решителност. Меѓу другото, имаше и природна љубов кон оружјето.

„Бев љубител на спортовите од секаков вид и ги играв сите машки игри и не дозволував машките да ме победат во било што. Така и почнав со прецизно стрелање. Кога синот на еден сосед се фалеше со неговите вештини на стрелиштето, јас инсистирав да му докажам дека и девојче го може истото подеднакво добро. Значи, многу вежбав“.

Кога војната изби, Павличенко беше сместена во болница во Одеса. Беше пратена таму за да се опорави од долго боледување, но нејзината патриотско чувство беше тоа што магично ја излечи. Таа беше нетрпелива да ги употреби своите стрелачки вештини, па инстантно поднесе молба за да ја отпуштат од болницата. Сепак, влегувањето во редовите на Црвената армија се покажа потешко од очекуваното.

„Во моментот кога ги чув вестите веќе престанав да се чувстувам болна. Кога поднесов барање до докторите на болницата за да ме пуштат, тие одбија. Не сметав дека времето треба да се троши на расправии, молби и жалби. Знаев дека војната веќе направи повеќе да ме излечи отколку што можеа да направат тие. Па, избегав без дозвола. Во армијата не примаа девојки, па морав да применам секакви трикови за да влезам во нивните редови. На крајот – успеав. Прво служев во еден од волонтерските одреди наречени „уништувачки бригади“, кои беа организирани во градовите и областите близу фронтот и требаше да внимаваат на германските падобранци“.

Заврши и на поштенска маркица
Заврши и на поштенска маркица

Се покажа како супер околност што Русија реши да ги прекрши правилата. До крајот на Операцијата Барбароса, Павличенко веќе беше славна по нејзините исклучителни патриотски успеси, особено по убивањето на фашисти. Во западните медиуми ја нарекуваа „Lady Death“ – на возраст од 25 години таа веќе имаше 309 потврдени убиства со снајпер.

Нејзиниот статус на нацистички кошмар ја одведе и до Овалната канцеларија на САД, во 1942 година. Беше испратена за да обезбеди американска поддршка за отварање на „втор фронт“ на тлото на Европа. Со тоа,  Павличенко беше првиот советски граѓанин што стапна во Белата Куќа, а Сталин не зажали за одлуката: Павличенко и Рузвелт одлично се согласуваа.

ruzvelt
Со Еленор Рузвелт

По завршувањето на средбата, Првата Дама на САД ја покани на тура околу земјата. Медиуми како медиуми, полудеа од присуството на „женскиот снајпер“. Прашање на време беше кога ќе се закачат за нејзините навики на (не)шминкање и старомодната униформа. Павличенко не пропушти можност веднаш да возврати:

„Ја носам мојата униформа со гордост и чест. На неа стои Орденот од Ленин. Покриен е со крв од битка. Јасно се гледа дека кај американските жени тоа што е важно е дали носат свилена долна облека под нивните униформи. А тоа што значи униформата, допрва ќе треба да научат“.

- Реклама -