Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го испратило официјалното писмо за развојот на случајот „Рекет“ до Советот на обвинители, но Советот не е задоволен од добиените информации.
Во разговор за „Алсат“, Меџит Јусуфи – вториот човек на Советот, открива дека испратените информации од страна на Обвинителството не биле целосни. Оттаму, информирал тој, Советот побарал да се случи едно од следниве две нешта: 1) Обвинителството да достави целосни информации, или 2) На седницата на Советот закажана за во понеделник да дојде и обвинителката Вилма Русковска, за лично подетално да информира за предметот. Повеќе ТУКА.