Советите на мама

Мама знае најдобро, зар не?  Прочитајте 25 безвременски совети кои мајките секогаш им ги даваат на своите ќерки.

1. Секогаш биди сигурна дека имаш свои пари.

2. Не се бањај за време на бура.

3. Секогаш носи чиста долна облека.

4. Не јади жолт снег.

5. Никогаш не се вози на мотор.

6. Внимавај на манирите и секогаш чекори со крената глава.

7. Внимателно со мажите. Подобро одбиј го ако ти „бара“ , повеќе ќе те почитува и ќе те почека.

8. Сакај ги братот или сестрата, најмногу од сите.

9. Донеси го на гости, по очите ќе познаам каков човек е.

10.  Гледај да не е без „ич“.

11. Се поминува.

12. Сапунот е евтин. Нема изговори за нечистотија.

13. Парите не купуваат среќа, но можат да го направат животот помалку стресен.

14. Биди гордост на нашата фамилија.

15. Стави малку кармин. Ќе направи да се чувствуваш подобро.

16. Без оглед со кој си, имај на ум – кој си!

17. Учи, секогаш учи.

18. Бирај ги пријателите внимателно.

19. Ако е нешто вредно, вреди да се бориш за тоа.

20. Извршувај ги своите должности и кога нема награда за тоа.

21. Избори се да бидеш успешна, да не зависиш од мажот само.

22. Луѓето ќе те проценуваат на основа на однесувањето.

23. Мисли на убави работи.

24. Пиј многу вода и не јади пржена храна.

25. Ако згрешиш пак ќе те сакам, ама размислувај мудро  ако се сакаш себе.

- Реклама -