Советите на баба

„Кога баба ми  почина пред неколку години на 90-годишна возраст, ми остави кутија со предмети од нејзината куќа, кои знаеше дека сум ги сакал во текот на годините. Меѓу сите овие работи имаа стар, обврзувачки дневник.” Ова  го раскажа блогерот Марк чии што совети и визија за животот, среќата и кариерата ги сподели „Менаџер Њус”. Тој вели дека неговата баба запишувала  во тетратката идеи, мисли, цитати, зборови од песни и воопшто се што ја трогнувало. Врз основа на напишаното од неа Марк ги сортирал, уредил  и одредил неколку  совети кои смета дека баба му,  му ги дала преку својот дневник пред да умре. Со овие сугестии најверојатно би се согласил секој возрасен човек.

Не е важно каде си или низ што поминуваш, секогаш верувај дека има светлинка на крајот од тунелот.

Вдиши ја иднината, издиши го  минатото.

Никогаш не очекувај премногу и  немој да бидеш арогантен

Само давај го најдоброто од себе.

Контролирај го  она што можеш да го  контролираш.

Потоа остави ги работите да се случуваат. Штом веќе  си сторил се што можеш, ако е пишано ќе се случи. Ако не, ќе ги видиш напред , чекорите  кои треба да ги отствариш.

 Дозволи им на другите да те прифатат таков каков што си, или воопшто да не те прифатат.

Зборувај ја  својата вистина  и тогаш кога  гласот ти  трепери.

Ти веќе не си оној кој беше, и тоа е нешто нормално… Си бил  повреден.

Помина низ  многу подеми и падови, кои те направија  оној кој  си денес. Со годините толку многу нешта се случија. Работи кои го сменија твојот начин на размислување, те научија животни  лекции и го принудија  духот да порасне. Додека минува времето, никој не останува ист. Некои луѓе ќе ти велат дека си се променил. Одговори им  со зборовите: „Се разбира дека сум се променил. Ова е живот. Но се уште сум истиот човек”. Се што се случува, ти помага да растеш, дури и да е тешко да го разбереш тоа во моментот.  Околностите ќе те управуваат, ќе те корегираат и усовршуваат со времето. Но што и да прават  држи се  за надежта.

Не  учи како да станеш богат, учи како да станеш среќен

Така, кога ќе  остареш ќе ја знаеш вредноста на работите, не нивната цена. На крајот на својот живот ќе разбереш дека најдобрите денови биле оние во кои не си имал потреба од ништо исклучително и посебно, за да се насмевнеш.  Тоа е вистинска среќа.

- Реклама -