Кај најголем дел од луѓето, едната страна од лицето изгледа подобро од другата. Се разбира, за да изгледате подобро на фотографиите, токму неа треба да ја изложите пред објективите на камерите и фотоапаратите. Следува брз совет од Ијан Спаниер, фотограф од Њу Јорк.
„За да најдете вашата подобра страна, пред огледалото или пред фотокамерата држете лист од хартија вертикално преку едната страна од лицето, потоа преку другата. Вашата подобра страна е онаа со поизразени контури – поизразени агли на очите и усните“.
Ако ова не ви помогне во целост, најбезбедно е да се решите за левата. Истражувањата велат дека најчесто таа е страната што е естетски попривлечна за очите. Имено, емоциите секогаш се поизразени на левата страна на лицето, бидејќи десната хемисфера на мозокот (која како што знаеме, ги управува мускулите на левата страна на телото) е онаа главно задолжена за експресија на емоциите.
Така, ако сакате да изгледате поофицијално, десната и помалку експресивна страна од лицето би била посоодветна, додека ако сакате да оставите позитивен впечаток кај некоја девојка/момче пред да ја/го изнесете на состанок – насмевка и левата половина на лицето се вистинскиот микс.
Се разбира, во изборот на позата, пред се избегнете ја страната со очигледни недостатоци. Дополнително, не заборавајте стратешки да ја навалите главата малку нанапред и воздржете се од правење глупави гримаси пред камерата. Учете од Парис Хилтон: