Совети со кои навистина ќе ослабете

Просечен Французин дневно троши околлу 100 минути на внесување на храна, а Американец само 60. Некои експерти сметаат дека ова е една од причините зошто во Франција има помалку дебели луѓе отколку во САД. Кои други фактори влијаат врз слабеењето?

Доколку веќе здраво се храните и вежбате, но се уште не можете да ги симнете петте килограми кои сакате, размислете за следните три совети.

1. Пијте само вода

Исфрлете ги напитоците како што се овошните сокови, газираните пијалоци, и алкохолот. Студиите покажуваат дека ако пиете само вода цела недела, ќе внесете најмалку 1000 калории помалку, односно и до 6000 калории помалку во еден месец.

ApplicationLarge_drinkingwater

2. Користете го сетилото за мирис

Според мислењето на експертите од организацијата „Smell and Taste Treatment and Research“ во Чикаго, мирисањето на храната може да има исто дејство на мозокот како и да сте ја конзумирале. Освен тоа мирисањето на здравите намирници, како на пример јаболки или банани, можат да помогнат во контролирањето на апетитот.

3. Запишувајте се што јадете

Луѓето обично забораваат што се изеле во текот на денот. Сепак, доколку го пратите вашето калорично внесување, можете побрзо да ослабете. Водењето на белешки помага во просек да внесете 15% помалку калории.

- Реклама -