Интервјуто за работа треба да се сфати доста сериозно, но тоа не значи дека треба да бидеме подложени на стресови. Колку и да ни е потребна работата, не треба да заборавиме дека треба да бидеме опуштени, природни и пред се внимателни.
Интервјуто за работа треба да се сфати доста сериозно, но тоа не значи дека треба да бидеме подложени на стресови. Колку и да ни е потребна работата, не треба да заборавиме дека треба да бидеме опуштени, природни и пред се внимателни.
Колку е платата?
Некои луѓе ова прашање го поставуваат уште пред официјално да започне интервјуто. Со овој потег вие на работодавецот му давате до знаење дека тука сте само поради парите, што до некаде е точно, но треба да се добие впечаток дека ќе уживате во вашето “идно“ работно место.
Со што се занимава вашата фирма?
Секој кандидат за работа мора претходно да има познанства за фирмата во која што аплицира. Штом ова не ви е јасно тогаш ни самите не занете што барате на интервјуто.
Не е губење на време доколку пребарате нешто на интернет во врска со компанијата.
Интервјуто за работа не претставува пиење на кафе со пријателите. Тоа е формален разговор и се препорачува да се користи чист и литературен јазик.
Дали вработените имаат одредени бенефиции како одмори, бонуси и слично?
Секој работодавач сака да вработи помалку себични и одговорни луѓе, така што првиот впечаток што треба да се остави е тоа дека вие сте тие што можете да направите нешто за компанијата, а не тие за вас.
Без пцуење!
Бидејќи нема да ја добиете работата.
Без стереотипи!
Внимавајте во текот на интервјуто да не навредите некого поради неговата етничка припадност, пол или сексуална определба.
Немојте да ги критикувате колегите.
Внимавајте кога треба да одговорите на некое прашање поврзано со вашите идни колеги. Навредувањето и оговарањето на колегите само ќе ви одземат од поените, а газдата ќе добие впечаток дека кога еден ден би ја напуштиле неговата фирма ќе го оговарате и него.
Ако ве запрашаат дали имате некое прашање, не велете „не“.
Доколку одговорите негативно, тоа значи дека не сте заинтересирани за фирмата и работното место. А исто така и дека не сте многу паметни. Потрудете се да прашате нешто во врска со плановите на фирмата, нивните очекувања во следните години, проекти и сл.
Секако дека ќе ве прашаат каде сте учеле, што сте учеле и што сте работеле, но внимавајте да се држите до тие одговори. Избегнувајте да им кажувате работи од вашиот приватен живот. Верувајте, не ги интересира.