Ако наместо да се забавувате на првиот состанок чувствувате вознемиреност, напнатост и стрес, следете ги овие четири совети за вашето дружење да помине како што треба.
Добра подготовка
Ако го планирате првиот состанок, прво разговарајте малку по телефон со партнерот за неговите интереси. Дознајте каде тој сака да се најдете, а предложете некое место и вие, па заедно договорете се за конечното место.
Соодветна облека
Не дозволувајте високите потпетици да ви го уништат првиот состанок и наместо да го завршите со прошетка, да лелекате колку ве болат нозете од неудобни чевли. Облеката нека биде соодветна за местото на кое ќе излезете.
Самодовербата е важна
Луѓето што се сомневаат во себе и во своите постапки не се опуштени. Затоа средете се на време. Одете на фризер, направете маникир и одберете што точно ќе облечете. Најважно е да се чувствувате добро во својата кожа и да бидете самоуверени.
Дишете
Ако на состанокот се појавите опуштени и спокојни, тоа ќе биде излегување без стрес и напнатост.