Откако со месеци се двоумеше околу проектот, Арон Соркин конечно прифати да го пишува сценариото на филмот базиран на биографијата на покојниот Стив Џобс, ко-основачот на гигантот Apple, чиј автор е Волтер Ајзаксон.
Се очекува продукцијата „Sony Pictures“ официјално да го потврди договорот со Соркин во блиска иднина, барем според извор кој учествувал при преговорите околку договорот, а кој побарал да остане анонимен, поради фактот што „Sony Pictures“ се уште не се изјасниле јавно по тоа прашање.
Арон чие сценарио за филмот „The Social Network“ се закити со „оскар“ во 2011 година, рекол дека е подготвен да ја адаптира биографијата на Ајзаксон за филмските протреби на „Sony Pictures“.
Неговата согласност да се вклучи во овој проект најверојатно ќе значи дека филмот може да го очекуваме набрзо, со оглед на брзината со која Соркин работеше на минатите сценарија, како и квалитетот на филмската клапа во која покрај него, се вклучени и Марк Гордон, Гимон Кесиди, како и Скот Рудин. Рудин и во минатото соработуваше со Арон, како продуцент на „The Social Network“.