Соработниците на Навални нудат награда за било каква информација за исчезнатиот опозиционер на Путин

Сојузниците на затворениот руски опозиционер и критичар на Кремљ Алексеј Навални денеска понудија парична награда за информации за тоа каде се наоѓа, откако тој „исчезна“ од рускиот затворски систем пред речиси три недели.

Локацијата и здравствената состојба на Навални се непознати откако неговите адвокати последен пат се сретнаа со него на 5 декември.

Соработниците на 47-годишниот активист предупредија дека неговиот живот може да биде во опасност, велејќи дека Навални имал „сериозни здравствени проблеми“ непосредно пред да исчезне, пишува „Москва тајмс“.

- Реклама -