„Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови, доколку сè уште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци“, соопшти сопственичката на радиото – Трајанка Ѓорчева Митрова, која веќе 12 години е сопственик, но и музички уредник на истото.
Радио Кавадарци, освен што е и наградувано, веќе четири години по ред е убедливо најслушано радио од локалните радио станици во Македонија, пренесува „Фокус“.
Во изјава за медиумот (целата прочитајте ја ТУКА), Митрова објаснува дека „ненамерната грешка“ се случила поради тоа што приоритет на Радио Кавадарци е негувањето на тpaдицијата на македонскиот народ преку македонска наpoдна и забавна музика. „Дури и во poпcтвoтo не се cpaмеле и пееле за своите xepoи. Зошто пак ние сега да се откажеме од нив?“, вели Митрова.